
Oдеса, главниот град на префектура Пела, е позната и како градот на водите, или, како й е славјанското име - Воден. Уникатната местоположба на Едеса на работ на извишените на неколку сторини метри над равнината Логос карпи, од кои се спуштаат прекрасни водопади и тоа го прави градот едно од најживописните места во цела Грција. Интерес претставуваат и зачуваните улици на стариот град Вароси со автентична архитектура од XIX век инеколку цркви од византиската епоха, модерниот центар, како и урнатините од древна Едеса во равнината на исток од градот. Позната била во минатото како еден од големите центри на текстилната индустрија (често нарекуван “Грчкиот Манчестер“), по гасењето на старите занаети, Едеса се претвора во средиште на туризмот.