Дубаи

Дубаи, Обединети Арабски Емирати

Дубаи е дел од Обединетите арапски емирати, при што претставува најголемиот град. Дубаи е вториот по големина емират, по Абу Даби. Населението на градот изнесува околу 1 616 450 милиони жители. Расположен е во Персискиот Залив, во југоисточниот дел. Граничи на југоисток со град Шараџа и на североисток со Абу Даби. Историјата на градот датира од околу 1059 г., а како постојано населено место постои веќе 200 години. Независноста на Дубаи е објавена во 1833 г., при што од овој момент официјално се одделува од емиратот Абу Даби. Дубаи зазема добра стратешка географска положба, која ја дава можноста за економски развиток. Во 1930 г. градот станува важно пристаниште, поради износот на бисери. Од економска гледна точка, приходите во градот се од нафта, при што се произведуваат 60 000 барели на ден. Брзо развивачката туристичка индустрија во градот, дополнително ја покачува финансиската состојба во Дубаи. Според последните официјални податоци бруто домашниот производ на градот е околу 83,4 милијарди долари. Градот е богат со забележителности, кои ги восхитуваат посетителите. Меѓу нив е и "Дворецот на шахот", Дубајскиот музеј, 7 ѕвездениот хотел Бурџ Ал Араб и многу други. Вештачките острови градени околу Дубаи се три на број, според својата површинатие се најголемите вештачки изградени острови во светот, при која една од целите за нивната изградба е сврзана со раширување на плажната ивица.

Екскурзии и одмори до Обединети Арабски Емирати »