
Дубаи е еден од седумте емирати, составувајчи ги Обединетите Арапски Емирати, кој се наоѓа на Арапскиот Полуостров. Истото име го носи и најголемиот град на овај емират. Дубаи е под управата на Н.В. Шах Мохамед бин Рашид Ал Мактум, кој воедно е и Премиер на федерацијата на Обединетите Арапски Емирати. Дубаи е втор по големина емират по Абу Даби, со население од 680 000 жители. Расположен е во Персискиот залив, на југозапад од Шаржа и на североисток од Абу Даби. Првите податоци за постоењето на градот датираат од 1799 г. Во почетокот на 19 век Ал Абу Фаласа се населува во Дубаи, кој во тоа време е потчинет на Абу Даби. Во 1833 г. династијата Ал Мактум го зазема градот, без да има никакво спротиставување од населението. Од тој момент па натака Дубаи успеа да се избори за својата независност од емиратот Абу Даби. Во 1835 г. Дубаи, како дел од останатите емирати, потпишува примирје со Велика Британија. Дубаи останува под закрилата на Обединетото Кралство, кога во 1892 г. е потпишано дополнителен договор. Заедно со Абу Даби, Рас Ал Хајм, Шаржа, Ум Ал Куејн, Дубаи зазема добра стратегиска географска положба - на патот за Индија, кое ги прави важна клучна територија. Владетелите на Дубаи ги потпомагаат трговијата и занаетите. Градот Дубаи се претвора во важно пристаниште за странските трговци (првенствено индијци). До 1930 г. градот е познат по износот на бисери.
Во 1966 г. Дубаи заедно со Катар се обединуваат и за своја парична едниција го прифаќаат "ријал". На 2 декември 1971 г. Дубаи, Абу Даби и уште пет емирати ги формираат Обединетите Арапски Емирати, по повлекувањето на Велика Британија од Персискиот Залив во 1971 г. Во 1973 г. Дубаи се присоединува кон останатите емирати и ја прифаќа општата валута на ОАЕ "драхми". Официјалниот јазик во Дубаи е арапскиот, но уште се зборуваат англиски, хинду, урду, малајалам, персиски, пинџаби, тагалски и др. Исламот е официјална религија во сите седум емирати. Голем дел од локалното население исповедува суни ислам. Има и малцинства хиндуисти, сикхи и христијани. во центарот на градот се наоѓаат храмови на Шива и Кришна. Немуслуманите во државата се слободни да ја исповедаат својата религија, но немаат право да проповедаат на отворено или да делат религиозни материјали. Власта ја следи политиката на трпеливост кон другите религии и многу ретко им се меша во религиозната дејност. Во почетокот на 2001 г. започнува изградбата на протестанстка и католичка црква на територијата на пристаништето Џебел Али. Земјата за изградбата на црквите е поклонета од власта на Дубаи. На крајот на 2005 г. започнува изградбата на првата грчка православна црква.
Нафтените залихи во Дубаи се помалку е една дваесеттина од тие на Абу Даби и сего приходите од залихите претствуваат мнгу мал дел од тие на градот. Дубаи и Дејра се претвораат во важни пристанишни градови за западните држави. Повеќето од новите банкови и трговски центри се изградени на пристаништето. Уште за време на 80-те и 90-те години на 20 век, Дубаи станува важен трговски центар. Денес Дубаи е важна туристичка дестинација и клучно пристаниште ("Џебел Али", изградено во 1970 г. и во тој период било најголемото на светот), но исто така е и финанскиски центар и се развива брзо во областа на услугите и информационите технологии. Дубаи е древен град, познат со своите традиционални пазари (суки). Местата, кои можат да се разгледат, се многу, но едни од најпознатите се Дворецот на шахот, Дубајскиот музеј и Џумитр.
Дестинацијата придобива широка популарност основно со неколку пространи градбени проекти, кои се наоѓаат во емиратот. Едни од нив се: Палмовите острови и зградата Бурџ Ал Араб - 7 ѕвездениот хотел, кој се смета за нјависокиот хотел во светот. Тука се наоѓа и највисоката зграда во светот - облакодерот Бурџ Калифа (Бурџ Дубаи). Освен овие емблематични за емиратот објекти, посетителите на градот можат да го посетат Дубајскиот музеј, многуте уметнички галерии, паркови и зоолошки градини, дворецот на Шахот и други. Тешко би било да се пропуштат прекрасните плажи, сафари со џип во пустината и јавање на камила.