
Дубаи Мол е најголемиот трговски центар во светот. Има над 600 трговски марки. Во овој грандиозен шопинг центар може да се прави многу повеќе од пазарување во над 600-те бутици - на пример да гледате некој филм во огромниот кино комплекс со 22 сали или да се полизгате на ледениот стадион со олимписки размери. Молот е најпосетуваниот трговски центар во светот, годишно низ него поминуваат 50 милиони луѓе. Една од најголемите атракции во молот е најголемата фонтана во светот. Тој испушта вода на 150 метри височина и проектот за неговата изградба е со вредност од 218 милиони долари. Фонтаната претставува неверојатно свтлосно шоу со над 1000 најразлични комбинации од бои и движења во такт со музиката.