Древениот град Коспикуа

Ла Валета, Малта

Коспикуа /или Бормла/ е најголемиот од трите древни градови, општо нарекувани Котонера/ Коспикуа – Виториоза – Сенглеа/. Првично никнува како предградие на Виториоза /16 в./, уништено од турците за време на Големата опсада на Малта во 1565 г., кое подоцна е обновено и зацврстено. Во 1722 година Великиот магистер Зондадари го прогласува селото за град и поради добрата поставеност на тврдината го нарекува Citta Cospicua. Во 1776 г. малтските витези од орденот на Хоспиталиерите му придаваат на радот светски облик. Стратешката положба наспроти Големото пристаниште на Валета го прави важна цел за време на Втората светска војна, кога многу од старите згради, општествените и станбените градби настрадале или се разрушени. Црквата Безгрешното зачнување е симбол на градот и еден од најдобрите примероци на барокната религиозна архителтура.

Екскурзии и одмори до Малта »