
Драч е град во Албанија со население над 200 000 жителикое го прави втор по големина град во Албанија, по главниот град Тирана. Пристаништето во Драч е најголемото во Албанија - Драч е еден од најважните стопански центри во државата.
Градот е сместен на брегот на Средоземно Море, каде преовладува плодородна земја. Се наоѓа на околу 33 км од главниот град - Тирана. На соседниот бред на Средоземно Море, во Италија се пристаништата Бриндизи и Бари, со кои има фериботна врска.
Драч (Дирахиум, Епидамнос) е еден од најстарите албански градови, основан во 627 г. пр.н.е. Интересни историски знаменитоски, кои можат да се видат тука се дворецот на крал Зогу, римскиот амфитеатар со ранохристијаснки параклис, византиски плоштад (Ротонда), римски бањи, како и многу бункери.
Modern resorts offer pleasant conditions for a seaside holiday, which attracts thousands of tourists every year.