Домот на инвалидите

Париз, Франција

Домот на инваилидите е основан во 1670 г. по идеја на Луј XIV – Кралот Сонце. Во знак на почит кон своите ветерани, тој решава да им осигури дом и болница, место за тие кои биле желни последните години од животот да ги минат спокојно. Врз изградбата на објектот работат најистакнатите архитекти од тоа време - Роберт Де Ла Кот и Жул Ардуен Мансард.Во минатото е користен како дом за повеќе од 4000 војни ветерани, денеска мал дел од него ја исполнува својата првенствена функција. Комплексот е претворен во воен музеј, кој располага со најбогатата колекција во Европа. Под куполата на црквата ''Св. Луи на инвалидите'', во исклучителен порфирски ковчег, почиваат смртните останки на една од незаборавните личности во француската историја - император Наполеон.

Екскурзии и одмори до Франција »