Доломити

Италија

Доломитите се планински масив, дел од источните Алпи. Тие се наоѓаат во североисточниот дел на Италија, на територијата на провинцијата Тренто, Јужен Тирол, Белуно и Болнацо. 18 од врвовите на Доломитите се на височина над 3 000 м., а највисоката точка е врв Мамолада (3342 м). Масивите се ограничени од долините на реките Изарко, Пустелија, Пјаве, Предната и Адиџе. Името на планинскиот масив и карактеристичните карпи, потекнува од францускиот геолог Дојдоне Доломеј. Во 18 век тој го направил првото научно иследување на овој регион и неговата геологија. Доломитите се формирани од светол по боја варовник, каде ерозијата издлабила гротескни форми. На територијата им се наоѓа еден национален парк и множество регионални. Во август 2009 г. Доломитите се објавени за објект на Светското природно наследтсво на УНЕСКО. Доломитите се популарна дестинација за скијање во зимскиот пеиод, а на лето, крајот на пролетта и почетокот на есента за планинско качување, трекинг, парапланетаризам и делтапланеризам.

Екскурзии и одмори до Италија »