Делхи

Делхи, Индија

Делхи е обединета теорија во Индија со посебни права. Делхи има површина од 1 83 km² и 24 998 000 жители (податоци од 2015 г.). Градот е расположен на река Јамуна, дена притока на река Ганг и поделена на неколку села.Главните јазици, кои се говорат се хинду и урду. Главниот град на Индија Њу Делхи, каде се наоѓаат сите институции на централното управување на државата, се наоѓа во Делхи. Стратегичката местоположба на градот, меѓу Делхискиот гребен и река Јамуна, му помага лесно да ги контролира трговските патишта од северозапад, кон плодородната долина на Ганг на југоисток. Поради тоа, областа е населена од далечното минато. За прв пат Делхи е споменат во светиот еп Махабхарата. Археолошките останки го датираат првото село во областа од епохата на Империјата Маурија околу 300 г. п.н.е. Оттогаш територијата на градот е постојано населена. Во 703 г. раџпутската династија Томара, ја основа тука тврдината Лал-Кот и владее во следните неколку векови. Во 1206 г. Делхи станува престолнина на Делхискиот султанат. Првиот султан од династија ја започнува изградбата на една од најпознатите забележителности во градот Кутаб Минар (највисокото минаре во светот, 72.5 метри). Султанатот постои до 1526 г., кога основачот на Монголската империја Бабур, го презема градот и основа опширна империја. Третиот император од династијата, Акбар Велики ја преместува престолнината во Агра, со кое започнува период на продолжено опаѓање за Делхи. Своето Величие, Делхи го возвраќа при император Шах Џахан (1627—1658). По негова наредба, тука е изградена Црвената тврдина (Лал Кила), а наспроти неа за десет години се подигнува нов град, наречен во чест на императорот Шахджаханабад. Денес тоа е срцето на Стариот град на Делхи. Градот паѓа под британска контрола во 1803 г., со кое се става крај на долговековното владеење на монголите. Вистински расцвет настапува во 1911 г., кога престолнината на Британска Индија е преместена од Калкута во Делхи и започнува изградбата на нов аминистративен дел на градот, наречена Њу Делхи. По објавувањето на независноста на Индија на 15 август 1947 г., Њу Делхи е избрана за престолнина на новата држава. Во 2015 г., Делхи е третата по големина метропола во светот, по Токио и Џакарта.

Екскурзии и одмори до Индија »