Делфи

Делфи, Грција

Делфи е археолошки објект и град во Грција. Се наоѓа во општината Фокида и во минатото бил водечки религиозен центар за Древна Грција, таму се наоѓало прочуеното светилиште на бог Аполон. Светилиштето е најпочитуваното во минатото во целото Средоземноморие. Во Делфи има храмови на богови, централен од кои е тој на Аполон, стадион, театар и богатства на грчките полиси, кои ги чувале даровите за боговите. Од 6 век п.н.е. тука се одржуваат Питиските игри, вклучувајќи музички и спортски натпревари. Денес руините на Делфи се туристички ојект и дел ос списокот на УНЕСКО на светското наследство. Современиот град Делфи се наоѓа на околу километар југозападно од древното светилиште. Делфи е и местото, каде според древните грци се наоѓа центарот на светот. За да се најде центарот на земјата, според грчката митологија, Зевс пуштил два орли од двата спротивни краеви и тие се сретнале над Делфи.

Екскурзии и одмори до Грција »