Дворецот на "Савската царица"

Аксум, Етиопија

Останките од палатата, кои датираат од 10 век п.н.е., биле откриени во областа на етиопскиот град Аксум под руините на дворецот на христијанскиот цар. Се смета, дека тој бил разрушен од Менелик, син на Савската царица и израелскиот цар Соломин. Менелик  го гради одново, при што го ориентира во насока на ѕвездата Сириус, на која и' бил поклоник. Ископините во Аксум започнале во 1999 г., со цел да се утврди потеклото на Етиопија и на етиопската православна црква. Според легендите, потомци на Соломон и Савската царица ја основале етиопската еврејска заедница.

Екскурзии и одмори до Етиопија »