Дворецот "Долмабахче"

Истанбул, Турција

Раскошниот Долмабахче е најубавиот дворец во Истанбул. Изграден меѓу 1843 и 1856 г., во почетната точка на европскиот брег на Босфор, тој е комбинација на раслични уметнички стилови. Дворецот е изграден на три нивоа, на кои се расположени 285 соби и 43 сали. Се состои од три делови - машки /селамлак/, женски /харем/ и фоицијална /церемонијална/. Внатрешниот интериор на дворецо - мебелот, свилените теписи и завеси, е скоро целосно зачуван. Ненадминат е со својот раскош о луксуз - дури таванот е декориран со златни орнаменти, а ѕидовите - со слики на некои од најпознатите творци од 19 век. Долмабахче е заобиколен од добро одржани градини, каде на влезот на дворецот има монументални порти. Тука, за време на престојот во Истанбул, отседнувал таткото на Турската Република - Мустафа Кемал Ататурк. Тој починал во дворецот на 10 ноември 1938 гдона.

Екскурзии и одмори до Турција »