Дворецот "Голестан"

Техеран, Иран

Дворецот Голестан се наоѓа во главниот град на Иран уште познат како "Мермерниот дворец". Во превод од ирански, името му значи "Дворецот на розите". Всушност Голестан бил царски комплекс на Каџарската династија, се состои од неколку забележителни згради, која содржи 17 на број градби, вклучително дворци, музеи и сали. Изграден е во времето на Тахмасп I, кој бил вториот ирански шах од династијата на Сефевидите во периодот 1524-1576 г. Во денешно време е претворен во музеј. Во минатото крунисувањата на шаховите на Иран се извршувале во Мермерната Тронска Сала на дворецот. Други поинтересни објекти во комплексот се Археолошкиот музеј, Салата со Скапоценостите, Музејот на Фотографијата, Галеријата со Портретите, Галеријата со слики и Павиљонот Шамс-ул-Емарех.

Екскурзии и одмори до Иран »