Дворецот ''Версај''

Версаj, Франција

Дворецот на Кралот Сонце - Луј XIV е еден од најубавите ремек-дела од светското културно наследтсво. Откако решава да ја напушти престолнината, кралот заповеда да се изгради дворец, кој ќе ја одразува силата и моќта на Франција. Така, во 1668 г. во блиското градче Версај е завршена новата кралска резиденција. Раскошните и богато декорирани станови, опширните и добро одржани градини целосно ја задоволуваат желбата на Луј. Француската аристократија се сели во Версај. Огледалната сала предизвикува изнендување и тиха завист, на масата на кралот често вечераат 3 000 лиѓе - дворецот е достоен дом на монархот! Версај е најголемиот и најпосетениот дворец во Франција. И денес тој е потсетник на изминатите векови и гламурот на Кралот Сонце и ги враќа посетителите во славните времиња на апсолутната монархија. Во негова близина се наоѓа гората Кампиен, во која на 11 ноември 1918 г. е објавен крајот на Првата светска војна.

 

Екскурзии и одмори до Франција »