
Дворецот Аламбра е наречен така поради своите црвеникави ѕидови (преведено од буквален арапски јазик, означува Црвен замок). Аламбра е расположен на стратешко место, со поглед кон градот Гранада. Комплексот е со неправилна форма. Граничи со долината на реката Даро, со равнината ал-Сабика и со улицата Куеста дел Реј Чико. Главната улица ја дели населбата Албасин и градините Хенералифе, расположени наврвот на Сончевиот рид. Замокот Аламбра е вклучен во рамките на градот, во 9 век и тогаш тој е воена тврдина. Покрај тоа, Аламбра се претвора во кралска резиденција по доаѓањето на првиот крал од династијата на Насридите во 13 век - Мохамед бен Хамар Мохамед I. Овој настан го поставува почетокот на најзабележителниот период за Аламбра. Основна задача на архитектите била да го покријат со декорација секое пространство, независно од неговиот размер. Декорацијата никогаш не била доволна. Повеќето арки во интериорот се вештачки, направени единствено со цел да се декорирани. Ѕидовите се покриени со убава и исклучително богата керамика и гипс. Иако исламската уметност забранува прикажување на фигури, декоративните теми во Аламбра се многу разнообразни. Искористена е класична калиграфска декорација, која ги пресоздава зборовите на Зауи бен Зири (основач на династијата на Насридите): "Само Господ е Победник" и најразлични други поеми. Најчесто користените декоративни елемнти се растителни орнаменти, преплетувачка декорација и мрежи од ромбови.