Дворец "Дорија Памфили"

Рим, Италија

Дорија Памфили е средновековен дворец во Рим, припаѓал на древниот аристократски италијански род Памфили. Зградата, во која се наоѓа галеријата е изградена во 1435 г. Таа претставува архитектурен споменик, изграден во рококо стил. Низ вековите, галеријата прикажува уникатни приватни колекции од сликарство од XVI-XVIII век. Живописните слики се толку многу што, целосно ги покриваат ѕидовите на галеријата. Колекцијата првенствено е собрана од Камило Памфили, внук на папа Инокентиј X. Претставени се творби на италијански сликари, познати низ целиот свет, како Рафаело, Караваџо, Тицијан, Веронезе, Пармиџанино и други. Изложени се скулптурни портрети на членовите на семејството Памфили, како и портрет на папа Инокентиј X, дело  на Веласкес од 1650 г. Таму се наоѓа и прочуената ''Марија Магдалена'' од Караваџо. Собите на дворецот се претворени во постојано осветлени галерии. Исто така може да се видикапела, архив, сала за бал, кафетерија и книжарница. Влезната карта за дворецот е 12 евра. Тој работи секој ден од  09:00 до 19:00 ч., со исклучок на 25 декември, 1 јануари и Велигден.

The Pamphili Palace is the largest picture gallery in Rome that is still privately owned.

Екскурзии и одмори до Италија »