
Грузијците користат еден од најдревните методи за производство и одгледување на вино - во глинени садови, наречени „квеври”. Виното зрее и одлежува во квеврите со капацитет од 1500 до 5000 литри. Садовите се запечатуваат, после кое над нив се поставува слој од глина и се закопуваат во земјата. Овој метод за производство на вино е вклучен во Списокот за нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Во Грузија се одгледуваат околу 525 сорти вино, при што се тврди, дека светското лозарство и винопроизводство започнало во Грузија.