
Гробницата на Хумајун е местото на кое е погребан монголскиот владетел Хумајун, која се наоѓа во Делхи. Идејата за гробницата доаѓа од првата жена на императорот, Бега Бегум. Изградена е во 1565-1572 г. за време на Монголската империја, по проект на персискиот архитект Мирак Мирза Гијас. Гробницата била првата по род гробница-градина во Индија. Во 1993 г. гробницата станува дел од културното наследтсво на УНЕСКО. Гробницата служи како инспирација за изградбата на гробницата Таџ Махал.