
Силустани се гробишта од времето пред Инките, кои се наоѓаат на брегот на езерото Умајо во близина на Пуно, Перу. Гробиштата кои се изградени над земјата во колонообразни и структури, наречени чалупа, се останки од културата на Колла, кои биле освоени од Инките во 15 век. Во структурите се наоѓале останките на семејства. Многу од гробниците бил ограбени од крадци, додека останатите останале недовршени. Највпечатлива таква структура е Силустани, висока околу 12 метри.