
Гранада е еден од најпосетуваните градови во шпанската област Андалузија. Градот има 240 000 жители и е туристички и универзитетски центар, расположен во подножјето на највисоката планинска верига во Шпанија - Сиера Невада. Првите доселеници на територијата Гранада се келтите. Грците го нарекувале Елибирге, а римјаните Илиберис. Сегашното име го добива во VIII в., кога започнуваат арапските напади на Иберискиот Полуостров. Ова е последната муслиманска тврдина, преземена од христијанските војски во 1492 г., под водство на кралицата Изабела Кастилска и нејзиниот сопруг Фернандо II Арагонски. Историското наследство на градот е огромно и ги вклучува дворците ''Аламбра'' и ''Хенералифе'', Катедралата со Кралската капела, каде се погребани Изабела и Фернандо, манастирот ''Картуха'', населбите Албаисин, Реалехо и Сакромонте.