Град Тунис

Тунис

Тунис е главниот и најголемиот град на афричката држава Тунис. Расположен е во северниот дел на државата, на бреговите на Туниското Езеро и Средоземно Море.

Медината е историското срце на градот, дел од светското културно наследство на УНЕСКО од 1979 г. Медината на Тунис е дом на околу 700 споменици, вклучително и дворци, џамии, музолеи, медреса и фонтани.

Тунис е индустриски и економски центар на државата, каде се наоѓаат една третина од туниските компании.

Екскурзии и одмори до Тунис »