
Град Мексико е главен град на Мексико. Со своите 8,8 милиони жители население тој е најголемиот град во Јужна и Северна Америка и трет по големина во светот по Токио и Сеул. Градот Мексико Сити е расположен во самиот центар на државата, на 2240 м. надморска височина и од сите страни е заобиколен со планини и вилкани, кои во некои областо достигнуваат височина од 5 000 метри. Градот Мексико е популарна туристичка дестинација како стар американски град и местото на многу од популарните туристички атракции, меѓу кои Пирамидата на сонцето и Пирамидата на месечината, „Зона Роса“, катедралата, Ангелот на независноста (колона), арената на борба со бикови ''Пласа Мехико'', булевар ''Пасео де ла Реформа'', облакодерот ''Торе Латиноамерикана'', Националниот дворец ''Мексико'', Ел Паленке и Ел Сокало. Тука се наоѓа и еден од најдобрите музеи во светот - Националниот музеј по антропологија и историја.