
Град Канди е вториот по население град во Шри Ланка, по главниот град Коломбо - со население од 100 000 жители. Канди во превод значи ''планина'', а локалното име на градот е Маха Нувара - Великиот Град. Тој е основан во XIV в. од крал Викрамабаху III, а во 1560 година, откако португалците завладејале со југозападното и северното крајбрежје на островот, сингалските владетели се повлекле во планините и основале држава со престолнина Канди.
Во текот на цели 225 години градот ја зачувал својата независност, и едвај во 1815 година англичаните успеале да го завладејат градот. Со овој град се сврзани многу важни историски настани од новата историја на Шри Ланка. Жителите на Канди до денес ја чуваат културата, традициите и уметността на сингалскиот народ. Во центарот на град Канди е изградено вештачко езеро, дело на последниот крал на Канди. Населената област е расположена во планините на југ од езерото, а самиот град ги зазема северните и западните области. Во центарот, на мал остров е изграден Кралскиот Летен Дворец, во кој Шри Викрема Раџасингхе го држел својот харем. На брегот на езерото се наоѓа Далада Малигава или Храмот на Светиот Заб на Буда.