
Град Казбеги се наоѓа во Северна Грузија и е познат со своите можности за качување по неверојатните планини во околината и прекрасните глетки, кои се откриваат пред посетителите. Посетителите исто така би можеле да практикуваат параглајдинг и да јаваат коњ. Градот го носел ова име околу 100 години до 2007 година, кога го враќа своето историско име Степанцминда. Планинското градче се наоѓа на 10 км растојание од границата со Русија и на 165 км од главниот град. Прекрасното населено место, добива се' поголемо внимание од туристите, поради коешто се градат многу куќи за гости и ресторанти, но цените се високи во споредба со останатиот дел од државата. Иако е единственото населено место во областа, таму живеет едвај 2000 жители.Степанцминда е почетната точка за алпинистите, кои сакаат да се искачат до врв Казбеги, висок 5033 метри.