
Загора е град во долината Дра во Југоисточен Мароко. Тој е опкружен од планината Загора, одкаде го добива своето име. Првично се нарекува ''Тазагорт'', на Берберски ''врвовите близнаци'', кои се однесувале за тврдината Мурабитун. Во старите европски карти е прикажана само планината Загора, затоа што самиот град е изграден едвам во 20 век. Во градот има околу 35 илјади жители. На врвот на планината Загора, можат да се видат останките на тврдината Алморавид. Точното место на поранешнаа џамија Алморавид се' уште е спорно прашање. Секоја година во Загора се слави фестивалот муосат на Суфи, посветен на проповедникот Абделкадер Жилали. Јазиците, кои се зборуваат во градот, вклучуваат Марокански Арапски, Тачелхит и Тамазихт. На границата на градот стои познат знак, кој гласи ''Тимбокту 52 дена'', ова е претпоставеното време, за да се стигне до Тимбокту, Мали пешки или со камила. Оригиналниот знак е заменет од стенопис. Загора е исто така позната меѓу туристите со тоа, дека од градот се стигнува лесно до песочни дини во пустината, кои се многу популарни кај туристите.