
Националниот парк „Гран Кањон“ или „Големиот кањон“ е едн од најстарите национални паркови во САД, кој се наоѓа во сојузната држава Аризона. На негова територија се наоѓа Гранд Кањон или Големиот Кањон (Grand Canyon), еден од најдлабоките каљони во светот, кој се наоѓа на река Колорадо, долг 320 км и висок 1800 метри на некои места. Во текот на милиони години реката ги рушела и ги длабела карпите, додека си правела пат меѓу нив и создала цветна длабока пропаст со чисти стени. И покрај тоа што добива заштита од владата во 1893 година, статутот на природен резерват и малку подоцна национален споменик, Гранд Кањон станува национален парк дури во 1919 година. Во истата година паркот е посетен од 45 000 луѓе. Денес Гранд Кањон се посетува годишно од околу 5 милиони луѓе. Во паркот се најдени археолошки останки стари 12 000 години, кои сведочат за населувањето на инсдиските племиња на овие земји. Првата документирана посета на европските доселеници е од 1540 година. Река Колорадо е врежала во тврдите карпи во текот на милиони години, додека се образува Големиот Кањон.