
Гимараеш - забележителен град, на 50 км. од Порто, кој во себе содржи историја, кулинарство, средновековие и современост. Тука е создадена Португалската нација во XII век, кога Афонсу Енрикеш, наследник на грофството Портукале, ги прогонува маврите и се прогласува за крал. Неговата кралска резиденција е замокот над Гимараеш. изграден во Х век, за да го пази манастирот “Носа сењора да Оливеира“. Во градот има два зачувани дворци - едниот е тој на Алфонсу Енрикеш, кој се наоѓа во централниот дел и стар над 1000 г., а другиот е тој на војводите Браганса, во кој денес се наоѓа музеј. На ридот, над дворецот на војводите на Браганса, се напѓа параклисот “Сан Мигел до Каштело“, во кој бил крстен Алфонсу Енрикеш. Највисоката точка на околината е потонатиот во зеленило врв Пена, до кој се стигнува со жучара со кабини. Во 2001 г., историскиот центар на градот, со убавите средновековни згради, е вклучен во списокот на Светското културно наследтсво на УНЕСКО, а во 2012 г. е објавен за европска престолнина на културата.