
Битката кај Гетисберг, Пенсилванија се случила во периодот 1 - 3 јули 1863 г. Ова е една од најголемите битки и повратна точка на Американската граѓанска војна. Сојузната армија на Потомак, под командата на генерал-мајор Џорџ Мид ги одвраќа нападите на Конфедеративна армија на Северна Вирџинија, под командата на генерал Роберт Лиј, кој е принуден да го заврши походот во територијата на Сојузот. На бојното поле во град Гетисберг е изграден најголемиот споменик на Пенсилванските полкови.