
Гетебург е град во Јужна Шведска. На шведски јазик името на градот се изговара Јотебори. Тој е вториот по големина град во Шведска по главниот град Стокхолм и се наоѓа на западното крајбрежје на државата, на брегот на теснецот Категат, каде се мие од Северно Море. Центар е на лен Вестра Јоталанд Има железничка станица, пристаниште и два аеродроми. Населен е од 501 500 жители. Готебург е крстен по името на племето Јоти, кое било населено за западното крајбрежје на Скандинавија. Јотите за прв пат се споменати од римскиот историчар Корнелиј Тацит во 98 г. На почетокот на 17 век, Шведска држела под контрола само една точка од западното крајбрежје. Откако во 1607 г. обидот за создавање на град под името Јотебори е неуспешен, поради Калмарската војна, во 1624 г. крал Густав II Адолф го оснвова овој град. Од 1832 г. функционира 560-метарскиот воден канал меѓу Гетебург и Стокхолм.
Универзитетот во Гетебург е основан во 1889 г. Гетебург е еден од 134-те градови во Шведска, кој има статут на историски градови. Гетебург е едно од најголемите и важни пристаништа на Скандинавскиот Полуостров поради својата повлна клима. Пристаништето има кејови со должина од 22 км. и во него акостира над 40% од трговската флота на Шведска. Трговијата и превозот на стоки одавна се приоритет на Гетебург и уште во XVIII век во градот е основана Шведската источноиндиска компанија. Индустријата станала важна ставка од економскиот живот на Гетебург - пример за тоа се компаниите - СКФ, Волво и Ериксон. Плоштадот Јотаплац со фонтана Посејдон е културниот центар на Гетебург. Фонтаната е создадена од шведскиот скулптор Карл Милес. На плоштадот се наоѓаат Градскиот театар, Концертната сала, Музејот на куклениот театар и Музејот на уметноста Констмузеет. На пристаништето се наоѓа Морскиот музеј. Најстарите згради во градот датираат од 1643 г. Во Гетебург се наоѓа најголемиот забавен парк во Скандинавија - Лизберг. Во Готебуг во 1993 г. е основана шведската метал група Хамерфол.