Гдањск

Полска

Гдањск е пристништен град во Северна Полска, расположен на брегот на Балтичко Море околу Гдањскиот залив. Градот е престолнина на Поморското војводство и со население од 400 000 жители е шестиот по големина во земјата.

 

За прв пат Гдањск е спомнат во 997 г., во стар летопис под името Данциг. Минувајќи низ различни историски епохи, Гдањск е присоединет кон кралство Прусија, во пределите на кое останува до крајот на Првата светска војна. Две децении имал статут на слободен град, управуван од Општеството на народите, но во 1929 г. Третиот рајх го враќа градот во гранците на Германија. По крајот на Втората светска војна, Гдањкс е повторно вратен на Полска.

 

И покрај тоа што градот е целосно разрушен за време на Втората светска војна, денес голем дел од историскиот центар е обновен. Интересни забележителности тука се коталичката црква “Св. Богородица“, која е популарна како најголем храм, изграден од тули, како и централниот плоштад “Длуги Тарт“. Не би требало да се пропушти и прошетка по крајбрежната алеја.

 

Блиску до Гдањск се наоѓа меѓународниот аеродром “Лех Валенса“, а пристаништето е најважно за државата.

Екскурзии и одмори до Полска »