
Гардоне е мало градче, кое се наоѓа на западниот брег на езерото Гарда, провинција Бреша во Северна Италија. Градчето е со население од околу 2 700 жители, но преку летото е пооживеано, поради многубројните туристи, кои го посетуваат. Гардоне претставува местенце со неколку хотели, мал плоштад, кој води до езерото и убавата крајбрежна алеја, украсена со многу одржани цветни леи.Туристите имаат голем избор од ресторанти и кафичи, каде можат да јадат и да пијат, а крајбрежната алеја е богата со клупи. Ова место е идеално за спокојни одмори, во кои туристите се релаксираат, шетајќи се покрај езерото или да се насладуваат на италијанскиот сладолед. Освен што е удобно место за одмор, во Гардоне има неколку интересни туристички забележителности. Тука се наоѓа и домот на ексцентричниот поет Габриеле д'Анунцио, Тој е познат не толку со своите стихови, колку со авантуристичкиот и интересниот начин на живот. Замокот "Виториале дели италиани" е разположено на ридот на градот и содржи многу предмети од животот на поетот. Друга забележителност во Гардоне е ботаничката градина ''Андре Хелер''. Тука се наоѓаат повеќе од 2000 егзотични растенија. Во Гардоне може да се види и античкиот амфитеатар.