Галиполи

Галиполи, Италија

Галиполи е пристаништен и морско-одморалиштен град во Јужна Италија, регион Пулија, со население од 20 766 жители. Расположенј е на брегот на Јонското Море и ги зачувал сведоштвата за величенственото минато. Основан е од месапите и се развивал како воен центар и трговско пристаниште за време на Римската Империја и Средновековието. Галиполи го постигнува својот економски расцвет во 16 век, кога станува најголемиот пазар на масло во Средоземието. Се' уште може да се видат подземните преси за извлекување на маслиново масло, кое пред откривањето на нафтата се користело како гориво. Галиполи бил основен извозник на ова ''злато'' за цела Европа. Еден од најмистериозните објекти во градот е Грчката фонтана, некогаш сметана за најстарата фонтана во Италија со нејасна дата и до ден денес. Добро зачуваната византиска тврдина од 13 век, која е реновирана од арагонците, за да го придобие денешниот вид. Галиполи особено потсеќа на Несебар со својот модерен град, сврзан со зачуваниот стар град преку мост и со песочни плажи, кои привлекуваат илјадници туристи.

Екскурзии и одмори до Италија »