
Гаета е мал пристаништен град на брегот на Тиренското Море. ЕДна од главните забележителности е ридот Монте Орландо, кој е дел од природниот парк ''Ривиерата на Одисеј''. Таму се наоѓа светото место за христијаните, наречено ''Монте спаката'' - расцепената планина. Религиозниот комплекс вклучува манастир, барокната црква ''Св. Тринита'', која датира од 17 век и светата алеја со мајотици, пресоздавајќи го патот на Христос до Голгота. Може да се види и една мала капела од 14 век, изградена во карпите. Во стариот дел на Гаета се намира впечатливата црква ''Св. Анунцијата'' од 14 век, во која може да се види еден од најстарите наполитански органи и ''Златната капела''.