
Вроцлав е град во Југозападна Полска главен град на војводството Долна Силезија. Расположен е на река Одра во Силезиската низина. Населението е околу 600 000 жители, кое
го прави четвртиот по големина град во земјата.
Вроцлав датира од IV в., кога местото се населува од вандалско племе силинги. Во 915-921 г., чешкиот кнез Вратислав I ги управува овие територии и го дава почетокот на градот, кој и до ден денес го носи неговото име.
Градот е икслучително убав со неповторливата архитектура, дополнета од лавиринтот од острови и романтични мостови, расположени по текот на река Одра. Еден од најпосетуваните полски градови, Вроцлав е место, кое предлага можност за допир со историјата, како и уредени кафичи, ресторанти и хотели.
“Градот на стотте мостови“ располага со многу музеи, галерии и споменици. По улиците на стариот град (Старе место) има занаетчиски работилници и антикварници. Други забележителности се зградата на општината во барок стил, Универзитетот со кулата Леополдин, Ботаничката и Зоолошката градина.
До Вроцлав може да се стигне со авион, а меѓународниот аеродром „Николај Коперник“ е на 10 км од градот. Градот е вториот по големина железнички центар.