Врв Викторија

Хон Конг

Врв Викторија е планина во западниот дел на Хонг Конг, другото име и' е Остин, а локалните жители ја нарекуваат 'Врвот'. Висока е 552 метри и е највисоката планина на островот. Самиот врв е затворен за туристите, бидејќи таму се наоѓа радио-теливизиската кула. И покрај тоа, останатиот дел е отворен за сите, тоа се паркови и станбени простори. Врв Викторија е најпосетуваната атракција на островот, од планината се открива неверојатна глетка кон Викторија Харбор, Остров Лама и централен Хонг Конг. Врвот е посетуван од околу седум милиони туристи годишно, кое го прави и главна забележителност на градот.

Екскурзии и одмори до Хон Конг »