
Волубилис е ископан римски град. Се наоѓа во близина на градот Мекнес и се смета за главниот град на римско-берберското кралство - Мавританија. Изграден е во плодородна селскостопанска област, каде тој почнува да се развива во III век п.н.е. како берберско и феникиско-картагиново село, пред да биде главен град на берберското кралство на Мавританија. Тој почнал брзо да се развива под берберското и римското владеење по I век н.е. Во II век н.е. почнале да се градат редица големи општестевни згради, вклучително базилика, храм и триумфална арка. Просперитетот, кој главно се должи на одгледувањето на маслинки, ја поттикнува изградбата на многу елитни градски куќи со големи мозаични подови. До XI век Волубилис бил изоставен, откако седиштето на власта било преместено во Фес. Руините останале недопрени и неоштетени, се' додека не биле разрушени од земјотресот во средината на XVIII век, кои потоа биле ограбени од мароканските владетели, барајќи камен за изградбата на Мекнес. Руините се под заштита на УНЕСКО од 1997 година.