
Водопадот Монтморенси се наоѓа на река Монтморсени, на 11 км. од град Квебек. Тој е највисокиот водопад во провинцијата Квебек, со височина од 83 метри, кое го прави за 30 м повисок од Нијагарскиот водопад. Длабок е 17 метри. Се наоѓа на територијата на заштитен природен парк. Посетителите достигнуваат до него благодарение на жичара и можат да се насладат на различни неповторливи глетки, благодарение на изградените скали и висечки мост, кои осигуруваат достап до двете страни на паркот. Во близина се расположени продавница за сувенири и ресторант.