
Виториоза /Биргу/ е најстариот од трите древни градови. Во 1530 г. витезите од Орденот на Св. Јован се стационираат во тогашното мало село Борго ди Кастело. Витезите, осознавајќи ја опасноста од непрекидните турски напади, ги зацврстуваат ѕидините, изградувајќи заштитна тврдина Сант Анџело. Последователно пристаништето на Виториаоза и тврдината се користени како главен штаб за британските војски во Средоземноморието. Меѓу забележителностите на градот уше се и споменикот на слободата, дворецот на инквизиторот, оружниот и морскиот музеј.