
Во превод од италијански замокот се нарекува ''Светилиштето на италијанската победа''. Се состои д резиденција, амфитеатар, пристан и музолеј. Во пристанот се наоѓа патролниот брод MAS, која д'Анунцио ја користел за време на Првата светска војнаво 1918 г. Самата резиденција се состои од голем број соби, секоја една богато декорирана и полна со сувенири. Познати се собите - чакални - една за пожелни гости и една за непожелни гости. Популарна е и собата со реликвите, каде се чува богата колекција од религиозни статуи и слики од различни верувања. Тие намерно се поставени заедно во една соба, изразувајќи го универзалниот карактер на духовноста. Најсветлата соба е посветена на долгогодишната врска на поетот со актерката Елеонора Дузе. Амфитеатарот е првата голема структура, која се забележува по влегувањето во комплексот. Инспирација за него,а архитектот црпи од Помпеја. Неговата местоположба, како и останатите згради, се со величествена глетка кон езерото Гарда. Денес се' уште се одржуваат настани на тоа место.