Вила д'Есте

Тиволи, Италија

Вила д'Есте е архитектурен парк во Тиволи, Централна Италија. Се смета, дека е еден од најубавите паркови во Европа. Во него се наоѓат дворец и огромен парк со многу фонтани, водопади, пештери. Во 2001 г. е објавен за дел од светското културно наследтсво под закрилата на УНЕСКО. Изградбата на вилата започнува во 1550 г. по порачка на кардиналот Иполито д'Есте, внук на папа Александар VI. Проектот е исполнет од архитектот Лавио Агрест. Грбот на гордиот кардинал е гравиран на секоја од фонтаните во паркот. Најпознатите објекти во паркот се фонтаните:  „Четирите змеј“, „Сибила“, „Орган“, „Пегас“, „Европа“, „Големиот бокал“, „Алејата на стоте фонтани“. Од 1918 г. вилата д'Есте е сопственост на италијанската држава и е отворена за посети од туристи.

Екскурзии и одмори до Италија »