
Жителите на Гозо главниот град на островот го нарекуваат Рабат, што означува мал град или цитадела. Во 1897 г. Британската Колонијална влада решава да ја преименува во името на кралицата Викторија, по повод нејзиниот сребрен јубилеј и да му даде на селото статут на град. Тврдината е изградена на еден од многуте заоблени ридови во централниот дел на Гозо, и во подножјето й се наоѓа Викторија или Рабат. Потеклото може да й се проследи наназад до Средновековието. До 1637 г. локалните ители барале закрила зад карпите на цитаделата поради честите турски напади на островот. Во 1551 г. силниот турски напад успеал да ги пробие ѕидините и однела 6000 луѓе во ропство.