
Најневеројатниот град во светот, Венеција е град во Североисточна Италија, центар на областа Венето, пристаниште на Јадранското Море. Градот е расположен врз голем број мали острови - околу 118 на број, во плитката лагуна на Јадранско Море. Соленоводната лагуна го зазема крајбрежјето меѓу устието на реките По и Пиаве. Симбол на Венеција е крилест лав, кој фигурира и на грбот на градот. Островната Венеција е центар на меѓународниот туризам со светско значење, место за одржување на меѓународни кинофестивали, уметнички изложби. Во градскиот транспорт се зачувани радиционалните за градот гондоли и моторните бродчиња. Можеби никој друг град низ вековите не предизвикал толку многу пофалби од страна на велики писатели и патешественици како Венеција. Таа била и останува феномен. Венеција е изградена на 118 островчиња и на територијата има околу 150 канали и над 400 мостови. Покрај каналите и кривите тесни улички се наоѓаат богато декорирани цркви, дворци, згради на религиозни братства. Тука назима се одржува карневал, на кој присуствуваат љубители на авантурите од цел свет. Пролетните поплави го претвораат градот во царство како од приказните. Налето туристите ги полнат плоштадите и улиците и го претвораат градот во новиот Вавилон, каде што се измешале сите народи на Земјата, а наесен кога туристичкиот поток ќе намали и сонцето веќе не е толку силно, локалните жители ги започнуваат своите весели празници.