
Ватиканските музеи се јавни музеи, расположени во Ватикан. Тие се едни од најпосетуваните во целиот свет со околу 5 милиони посетители во годината. Во комплексот се наоѓаат 11 музеи и 5 галерии со општо 1400 сали, некои од кои со бесценети колекции на светска уметност. Ватиканските музеи се основани во 16 век од од Папа Јулиј II. Првиот експонант , изложен во музејот , била скулптурата ''Лакоон и неговите синови'', закупена пред 500 години. Во ликовната галерија на музејот се наоѓаат творби на Микеланџело, Рафаело, Фра Анџелико. Музеите вклучуваат музеј ''Киарамонти'', Грегоријански атрурци, Грегоријански еѓипќани и Пио-Клементов музеј. Други интересни сали се Салата на географските карти (XVI в.), Апостолската библиотека, Салата со гоблените. Важен дел од музеите се егопетските колекции, каде добро можат да се видат зачувани мумии и папируси, како и Книгата на мртвите. Најважен и најпосетуван дел од Ватиканските музеи е Сикстинската капела. Ѕидовите и таванот и' се изцртани од Микеланџело, а фреските - од Ботичели, Перуџино, Пинтурикио. Таа функционира и како конклава - во неа се одржува изборот за нов папа.