Ванкувер

Канада

Ванкувер е прекрасен град полн со спротивности. Врата кон Тихиот Океан, тој е пресечна точка на различни култури, со динамичен ритам на живот, космополитни ресторанти и бутици и уникатни можности за туристите, во еден исти ден да скијаат и да пловат со бродче по морето. 

Првиот европски патник, кој ја посетил оваа област, е капетан Џорџ Ванкувер, кој во својот дневник го опишува длабокото врежано во брегот пристаниште со “безброј прекрасни глетки“.  Пред неговото пристигнување, местото е користено во летниот период од племињата за преден пост, кои живееле покрај Бурардовиот проток - мусквеамите од северната гранка на река Фрејзер, и сквемишите од долините Сквемиш и Чекамас.

Населувањето на европејците започнува во 1862 г. со откривањето на јаглен, во неслучајно нареченото така, Пристаниште за јаглен (Коул Харбор). Во 80-те години на 19 век, околината веќе се развива бурно. Но вистинскиот пионер на Ванкувер е Џек Дејтон Празнозборовиот, кој станува првиот сопственик на салон (отворен во 1867 г.) во оваа област, денес познат како Гастаун.

Расположен покрај пристаништето, Гастаун е живописна област со градби во викторијански стил со обединети катчиња, антикварници, бутици и сликарски галерии под покривите на стари згради. Звукот на неверојатниот парен часовник, потсетувајќи на чукањето на Вестминистреските камбани, ги огласува тихите дворови и улички на секои 15 минути. На влезот на Гастаун можете да се насладите на прекрасната панорама, соволно е да се искачите на Лукаут Тауер - 33-катниот набљудувач, кој се издига во соседството со Харбор Центар. На каде и да се свртите, пред вас се откриваат, неверојатни глетки.

Централниот дел на градот е заземен од, опфаќачки 1000 хектари, Стенли Парк. Ова е еден од најголемите градски паркови во Северна Америка. Со неговите шумски патеки, изолирани езера, огромни аранжирани градини и најголемиот канадски аквариум, претставува првостепен забележителност на Ванкувер. Опколувачкиот околу паркот пат, предлага шармирачки глетки кон хоризонтот, кон светлините на пристаништето и бреговите, како и кон живописните Норт Шор Маунтинс, кои величествено се издигнуваат во далечината.

Друг споменик на културното наследство на градот е неговиот Чајнатаун - вториот по големина во Северна Америка, по тој во Сан Франциско. Тука животот не престанува да врие по 24 часа. Населбата е полна со телефонбски штандови со црвени покриви како пагоди, како и со егзотични аромати ма зачини, додека традиционалните билни лекарства и егзотична храна, е подредена по опасно високи и искривени од тежината на изобилната стока полици.

Во контраст со оваа градска шумна област, е тихиот и спокоен парк, наречен по д-р Сун Јатсен. Тој е аранжиран како класична кинеска градина од времето на династијата Мин и единствениот примерок на оваа уметност, кој може да се види надвор од Кина.

 

 

Други забележителности на Ванкувер се Пенџабскиот пазар, Малата Индија, Гриктаун, Џапантаун и неколку корејски населби, кои сите имаат двојазични улични табели.

 

Гранвил Ајленд е место, кое исто така треба да го видите по секоја цена. Тоа е средиште на театри, студија, галерии и ресторанти. Таму се наоѓа и познатиот јавен пазар со најразлични стоки.

Екскурзии и одмори до Канада »