
Валенсија е главниот град на истоимената шпанска провинција, расположена на просторот каде река Турија се влева во Средоземно Море. Валенсија е третиот по население град во Шпанија (после Мадрид и Барселона), со околу 820 000 жители. Пристаништето во Валенсија е на петтото место по опслужени контејнери во Европа и на прво место во Средоземно Море. Градот е основан од римјаните во 138 г. п.н.е., под името Валенсија, на старото ибериско село. Го носи името на императорот Валент и значи „сила, моќ, енергија“. Подоцна, во периодот на маврите станува престолнина. Во 14 и 15 век во градот се изградени некои од најемблематичните згради, како: кулите ''Серано'', Копринената берза, кулата ''Микалет''. Во катедралата на Валенсија се чува Светиот грал, донесен од Ерусалим. Најпосетениот објект во Валенсија е Градот на науките и уметноста, дело на современите архитекти Сантијаго Калатрава и Феликс Кандела.