Вадуз

Вадуц, Лихтенштајн

Вадуз е главен град на малото кнежество Лихтенштајн, кое се наоѓа во Централна Европа и граничи со Австрија и Швајцарија. Расположен во долината околу горниот тек на реката Рајна, градот има население од околу 5 000 жители.

 

Градот за прв пат се спомнува во 1150 г., но официјалното основање е во 1342 г., кога е прогласен за самостојно графство Вадуз.

 

Макар и главен град, денес Вадуз, е мал по население, но уреден и убав град во подножјето на врвот Три сестри. Богат со зеленило и паркови, градот ги привлекува туристите со спокојство и пријатна атмосфера. Има две главни улици, од која едната е за пешаци и на неа се расоложени музеи, кафичи и продавници.

 

Замокот Вадуз, изграден во XIII век, е главната забележителност, во која не може да се влегува, поради тоа што денес замокот е резиденција на кнезот на Лихтенштајн. Единствената можна дата за посета е 15 август, ког се слави националниот парк на кнежеството.

 

Останатите забележителности се катедралата Сент Флорин, евнгелистичка црква, зградата на општината, музејот на уметноста во центарот на градот, поштенскиот музеј и музејот на ските. Интересна обиколка на градот може да се направи со градското вовче, која обиколка трае 10 минути.

Екскурзии и одмори до Лихтенштајн »