
Бурџ Халифа е највисоката зграда во светот, која е отворена на 4-ти јануари 2010 год. во Дубаи. Бурџ Дубаи или "Дубаиската кула" се нарекува уште Бурџ Халифа. Името доаѓа од името на актуелниот претседател на Обединетите Арапски Емирати, Шеик Халифа Бин Заид ал-Најан.
Бурџ Халифа има 162 ката и е 828 метри висока.
Фасадата е покриена со 22 000 стаклени панела, а нејзината површина е еквивалентна на 17 фудбалски игралишта.
Бурџ Халифа држи рекорд меѓу зградите со најмногу катови во светот, за лифт со најдолг пат на издигнување, за највисоко набљудувачко игралиште (на 124-ти кат) и други.
Во име на практичноста на жителите, вработените во многубројните канцеларии и посетителите на облакодерот, работат 49 лифтови и осум ескалатори. Во лифтови може да се развие брзина до 18 метри во секунда.
Долниот спрат е заземен од првиот светски хотел Армани од реномираната италијанска компанија. Меѓу 19-тиот и 108-от кат се наоѓаат 900 станови, а над нив - канцеларии на различни компании.
Покрај зградата се наоѓа најголемиот во свет трговски центар - Dubai Mall, езеро со површина 24 хектари и неколку фонтани.
Адријан Смит, 65-годишниот канадски архитект чии проект е Бурџ Халифа раскажува дека модерното ремек-дело е споредено со пустинскиот цвет Хименокалис, но откако проектот е завршен на хартија. Денес, гледајќи во зградата, вертикално од врвот надолу, Бурџ Халифа изгледа исто како белиот цвет.