
Град Бузиос е едно од најпознатите бразилски одморалишта. Градот често е нарекуван бразилското Сен Тропе. Населенито брои околу 25 000 жители. Карактеристично е со прекрасните плажи, кристално чистата вода и егзотичната растителност. Бузиос е во класацијата за најпрекрасните места во Бразил и светот. Ова место предлага најразлични услуги за туристите - голф, сурфање, најразлични видови водни спортови. Главната и најживата улица е "Rua das Pedras", која предлага многу места за пазарување и забава.