
Брунате е градче во провинцијата Комо, регион Ломбардија, Северна Италија. Брунате се наоѓа на 3 км. северно од езерото Комо. Населението на градот брои 1 800 жители, но преку летото оживува многу, поради големиот број туристи. ОД целиот град се откриа прекрасна панорамна глетка кон езерото Комо. Брунате и Лаго ди Комо се поврзани преку стрмен, тесен и крив пат. Оттаму поминува и популарната железничка пруга. Линијата е изградена во 1894 г., и се користи како од туристи, така и од локалните жители. Линијата е долга 1084 м., со максимален наклон од 55 %. Возовите се движат на 6-7 минути. во Брунате поетот Пејчо Славејков го завршува својот животен пат. Тука во градинката на градската библиотека е изградена негова биста-споменик, а на надворешниот ѕид на блискиот хотел - две камени плочи. Жителите на Брунате кажуваат дека, за нив е чест да го пазат споменот на еден од највеликите бугарски интелектуалци, како и да го популаризираат неговото творештво.