Бродвеј

Њујорк, САД

„Бродвеј“ е најдолгата улица во Њу Јорк (повеќе од 50 км), која минува низ цел Менхетен, Бронкс и на север низ малите градчиња до гр. Олбани. Ова е најстарата од големите улици во Њу Јорк и потекнува од времето на холандското населување, кога првото село на ова место се нарекувало Нов Амстердам. Името „широк пат“ (холанд. Breede weg) улицата го добива од гувернаторот на Нова Холандија Петер Минојт. Откако Нова Холандија била предадена на Англија во 1667 г., името на улицата било преведено на англиски јазик (Broadway).

Екскурзии и одмори до САД »